Вака се сака омилениот клуб: Погледнете како масерот на бразилска екипа спречи пораз

Надвор од сите очекувања и правила на фудбалот, масер успеа да спречи два гола во минатото кола на третата лига на Бразил.
Тој на теренот стапи при изедначен резултат, како и пред самиот крај на натпреварот. Со цел да го спаси својот тим од сигурна победа на ривалот, масерот не размислуваше долго да се прикраде меѓу стативите.

Тој  буквално успеа да спаси две стопроцентни можности за гол, пред да истрча низ теренот за да спаси жива глава.

Покрај присуството на голем број полицајци, судијата веднаш го заврши мечот. Медиумите информираат дека противничката екипа ова видео ќе го однесе пред суд, за да ги освојат сите три бода од оваа чудна утакмица, Масерот жив излегол од стадионот.

- Реклама -