Мажите обожаваат секс, и тоа не е никаква тајна, но фактот дека не „пребираат“ премногу околу тоа за каков секс станува збор е само мит. Постојат многу мажи кои не се задоволни со сексуалниот живот, и еве на кој начин се обидуваат да ви го навестат тоа:
1. Сака да го изгледа филмот до крај
Без разлика на тоа колку филмот е интересен, повеќето мажи ќе му дадат предност на сексот, и без проблем ќе заборават на дејството. Доколку вашиот партнер инсистира да го изгледа прво филмот, веројатно и не е толку возбуден за вашите ноќни активности.
2. Не ве гледа во очи
Секако дека не треба да ве гледа постојано во очи но, мажите кои не се задоволни од чинот начесто го избегнуваат ваквиот контакт во текот на целиот однос.
3. Ги форсира позите кои вам не ви се допаѓаат
Доколку сте му важни, ќе се потруди да обезбеди взаемно задоволство. Оној кој е незадоволен од досегашниот секс, ќе се обиде да се задоволи прво себе.
4. Деконцентриран е
На секој му се случува да се замисли, но мажот кој ужива во сексот со вас нема да биде во состојба да размислува за било што друго. Оној кој ќе им даде предност на работните обврски, едноставно не е презаинтересиран за случувањата во креветот.