Вака Марк Твен го честитал роденденот на својата сопруга

27 ноември 1875 година, Самјуел Лангхорн Клеменс , подобро познат како Марк Твен пишува писмо до својата сопруга Оливија по повод нејзиниот 30 роденден. На датумот на писмото тие биле во брак веќе 6 години и остануваат заедно до смртта на Оливија – 29 години подоцна.

Душо Ливија, поминаа шест години откако го освоив својот прв голем успех во животот и те освоив тебе, и поминаа триесет години откако судбината го подготви овој среќен успех со тоа што те испрати тебе на овој свет. Секој ден во кој живееме заедно, ми ја зголемува самодовербата и знам дека ние никогаш нема да посакаме да сме разделени, ниту пак ќе зажалиме што сме заедно. Ти си ми поскапа денес,отколку што беше лани; тогаш беше поскапа отколку претходната година – ти стануваш сe повредна во мојот живот со секој следен роденден и не се сомневам дека овој прогрес ќе продолжи така до крај. Ајде да се свртиме кон претстојните годишнини и ние во нив со сиви коси, без страв и депресија, верувајќи и имајќи доверба дека љубовта која ја чувствуваме еден кон друг, ќе биде доволна за да не направи благословени. И така, со приврзаност кон тебе и нашите деца, го поздравам овој ден, кој ти носи женствена грациозност и возвишеност од три децении!

Секогаш твој, С.Л.К.

l

- Реклама -