Луѓето од 21. век имаат широк избор на најразлични видови контрацепција. Сепак, помина долг пат низ кој се стигнало до кондомите, антибеби пилулите и вакцините за контрацепциуја кои што се користат и денес.
Луѓето некогаш користеле најбизарни нешта, мислејќи дека тоа ќе ги заштити од непосакуваната бременост. Погледнете дел од нив:
ЕГИПЕТ, 320 години пред Христос
Во стариот Египет, користеле измет од крокодил помешан со мед за контрацепција. Оваа смеса се користела како спермацид и жените ја ставале во вагината пред односот.
ЕВРОПА, 500 години од новата ера
Во Европа, мислеле дека ќе спречат бременост доколку замотаат околу нозете симболично јаже и тестиси.
ФРАНЦИЈА, 1600 година
Во Франција освен оралната контрацепција користеле сок од лук.
КАНАДА, 1534 – 1769 година
Жените во Канада, пиеле виски во кое претходно ставале даборови тестиси, како вид контрацепција.
ЕВРОПА, 1800 година
За да спречат продор на сперма, жените во вагината ставале напрсток за шиење, Исто така, мажите стотина години користеле кондоми направени од свињски органи.
АМЕРИКА, 1960 година.
Интересно е дека 60-тите години на 20 век во Америка општо е популарно да се мие вагината со Кока-кола после сексот и така, наводно да се спречи бременоста.
Денес се е многу полесно.