Италијанската полиција објави серија од фотографии на кои е прикажано како изгледал синот божји кога бил младо момче.
Полициските иследници ја користеле истата технологија што се користи при креирање на фото-робот портретите на криминалците. Како основа е земено „Торинското платно“ кое наводно е наметката во која била обвиткано телото на Исус при погребувањето и на која има отпечаток од неговото лице.
Преку реверзија на процесот на стареење, полицајците стигнале до ликот на месијата во неговите 20-ти години од земниот живот.