Вака изгледа мотор од 109.000 коњски сили

731.imgcache-1024x634[1]

Глобалниот шипинг е гооолем бизнис, а по океаните крстарат огромни товарни бродови со илјадници контејнери со секакви можни стоки. Emma Maеrsk е еден од најголемите такви бродови во светот, и може да носи и до 11.000 контејнери. Се разбира, таков џин не прифаќа ништо помалку од џиновски мотор, каков што е Wärtsilä RTA96C-14 – има 109.000 коњски сили (моторот на Титаник имал 15.000 кс).

3263_03[1]

Направен е од швајцарска компанија и тежи 2100 тона. ИМа 14 цилиндри, висок е 14 метри и е 28 метри долг – во превод, поголем од зграда на 4 ката. Со максимум сила извлекува 102 вртежа во минута (за споредба, идеално за мотор на патнички автомобил е 600 до 1000 вртежи во минута), ама тоа значи дека може да придвижи сé што можеш да замислиш. Се разбира, вакво чудовиште пие гориво како лудо – секој цилиндер користи по 0.19 литри дизел гориво по вртеж. За возврат, моторот генерира 80.000 KW, доволно моќност да се напојува цел еден град. Сепак, од аспект на големината на моторот, тој е всушност многу ефикасен. Максималната брзина на бродот Emma Maеrsk, кој го користи моторов, е 31 јазли, односно 57 км/ч, што е извонредно, со оглед на тоа колку тежат тие 11.000 контејнери.

worlds-largest-diesel-7-610x424[1]

А не е само еден ваков. Во работен оптек има 25 вакви чудовишта, а уште 86 се на пат.

Инженерингот продолжува да ги поместува границите, па во иднина сигурно ќе има и поголеми од овој. Во меѓувреме, секое делче од Wärtsilä RTA96C-14 е под постојано надгледување и одржување. Евентуален дефект на моторот ќе значи дека милиони тони продукти и пратки ќе останат залутани некаде на отворено море.

engine[1]

- Реклама -