Вака изгледа Јужниот пол во 2016-та

pole-hero[1]

Мразот на Антарктикот се движи, што значи дека вистинската географска точка наречена „Јужен пол“, која се наоѓа на врвот на мразот, константно се поместува. Така, секоја година, тим од научниците сместени во поларната станица Амундсен-Скот, поставува нов маркер на „точната локација“ на полот. А локацијата е точна само еден ден, со оглед на тоа дека мразот се поместува за 10 метри годишно. Финото е што ова им е традиција на привремените жители на Антарктикот веќе со децении, а секоја година истражувачите што остануваат во базата креираат нов дизајн на маркерот.

Во ова видео, астрофизирачот Денис Баркатс ја објаснува традицијата и ни го открива откривањето на маркерот на Јужниот пол за 2016, што се случи на 1 јануари – единствениот ден кога новата точка е географски точна.

- Реклама -