Дека англискиот јазик не им е баш јака страна на фудбалерите на Реал Мадрид докажува и ова видео во кое се промовира хуманитарниот натпревар на Мајкл Есиен – Game of Hope.
Неодамна Есиен во Реал Мадрид организираше снимање на промотивен спот за натпреварот што ќе се одржи на 8 јуни во Гана меѓу африканските и светските ѕвезди, а сиот приход од натпреварот ќе биде даден во хуматнирани цели.
Задачата беше едноставна – да го кажат своето име и кратката реченица „I support The Game Of Hope“. Сите играчи, освен Кака, имаа проблем со изговарањето на овие зборови.
Кристиано Роналдо и Рикардо Карлава не се ни разбираат што кажуваат, а поранешниот тренер Жозе Мурињо го обработи тоа на свој начин.
[youtube]http://youtu.be/xigX-XOlmE4[/youtube]