Вафли

Вафлите се омилен десерт што може да се искомбинира со сладолед, чоколаден, овошен крем, мед, локум…

Состојки:250г брашно, 4 јајца, мал квасец, 300мл топло млеко, 130г путер, 100г шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, малку сол

16320_domaci-vafli--stock-photo-belgian-waffles-garnished-with-honey-and-fresh-raspberries-close-up-shutterstock_66433501_iff

Подготовка:Замесете тесто од брашното, нараснатиот квасец, млекото, шеќерот, ванилиниот шеќер, путерот, солот и жолчките. Оставете го тестото да отстои еден час на топло место. Сматете ги белките и другата кесичка ванилин шеќер, па додајте во нараснатото тесто. Печете во калапи за вафли и додека се топли посипете ги со шеќер во прав.

Послужете со шлаг, свежо овошје, крем или овошен прелив по желба.

Добар апетит!

- Реклама -