Огнен Узуновски – угостител и сопственик на „Излет“ кафе, го поддржа Горан Герасимовски – кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата, во кратко видео споделено на социјалните мрежи.
„Конечно, центарско дете ќе стапи во конкуренција за градоначалник и верувам дека Горан ќе има голема шанса да го поправи тоа кон Центар што било занемарено во минатото. Верувам дека Горан ќе биде многу поконтактибилен во релацијата со центарци и со граѓаните на Центар и дека ќе стои зад нивните барања. Верувам дека е момче кое е засегнато за Центар да биде подобар“, вели Узуновски.
Тој Горан Герасимовски го опишува како пристојно момче и фамилијарен дечко, а познавајќи го верува дека Горан ќе направи многу за она што и недостасува на општина Центар.