Уживањето во шолја топол чај

Треба да си целосно свесен за сегашниот момент , за да уживаш во чајот. Само во осознавањето на сегашноста, твоите раце ја чувствуваат топлината на чашата. Само во сегашноста ти можеш да го почувствуваш мирисот, да ја вкусиш сладоста, да ја оцениш деликатноста. Ако размислуваш за минатото или се грижиш за иднината, ти целосно ќе ја пропуштиш радоста од пиењето на чај. Ќе погледнеш надолу кон чашата, и чајот ќе исчезне.

Со животот се случува истото. Ако не си целосно буден за сегашноста, ти ќе се погледнеш во огледалото и ќе видиш како изминал. Ќе ги пропуштиш аромата, деликатноста и убавината на животот . Ќе изгледа како животот да поминал покрај тебе, како на лента.

Минатото е свршено. Извлечи поука од него и остави го да си замине. Иднината уште не е тука. Планирај ја, но не губи време да се грижиш за неа. Загриженоста е бесмислена. Кога ќе престанеш да го преживуваш она што веќе се случило, кога ќе престанеш да се грижиш за тоа што никогаш не може да се случи, тогаш ќе живееш во овој момент. Тогаш ќе почнеш да ја чувствуваш радоста на животот.

Тич Нан Хан

 

- Реклама -