Како да го преживеете утрото по новогодишната ноќ

Наједноставниот совет за да се будите свежи и одморени сите денови неделава е да не му дозволите на предновогодишното лудило да ве понесе и да пиете и јадете колку што можете и не можете. Меѓутоа, бидејќи знаеме дека нема да се воздржите, еве неколку совети со кои наутро, сепак, ќе станувате полесно.

Вода, вода и вода

Изедовте свинско и јагнешко буквално колку што можете? Испивте кафе, вино и коњак во количини доволни за цела недела, а не само за еден ден? На вашиот организам очајно му треба вода, зашто алкохолот и солената храна ве дехидрираат со секоја мината секунда. Исто така, ако утрото се чувстувате прејадено, повторно клучна е водата, зашто ќе му помогне на дигестивниот систем да ја свари храната.

Шетајте

Ако неделава со само еден оброк изедете толку калории колку што им се потребни на неколку возрасни слонови, а не сакате тие калории да отидат директно во вашиот задник, време е да го активирате метаболизмот. Нема потреба да истрчате маратон, доволно е да заминете на прошетка со побрзо темпо.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Храна богата со влакна

Мажите под 50 години треба да јадат најмалку 38 грама растителни влакна, додека жените најмалку 25 грама. Во ситуациите во кои буквално го товарите организмот со мрсна храна и многу месо, потребни ви се повеќе влакна, бидејќи тие им помагаат на дигестивните органи да ја обработат храната. За појадок јадете трици или никулци, а главниот оброк нека ви содржи спанаќ, кељ или брокула. Исто така, јадете јаболка, портокали, моркови, круши, грав и овес, зашто овие продукти содржат влакна што се раствораат во вода, кои, пак, ја чистат крвта и го намалуваат нивото на лош холестерол.

Пробиотици

Вашиот дигестивен систем е полн со бактерии, но повеќето од нив се добри и помагаат во варењето на храната. Кога јадете многу штетна храна, организмот нема доволно добри бактерии за да се справи со неа и затоа е добро ако внесувате храна богата со пробиотици. Тие се, всушност, мали организми што се наоѓаат во ферментираните производи како јогурт, кефир или комбуха. [How To Detox After a Day of Christmas Excess]

- Реклама -