„На автопатот Охрид – Кичево се реализираат работи и во вечерните часови, благодарение на поволните временски услови. Ова ја потврдува нашата решителност и посветеност да го завршиме автопатот во предвидениот рок. Од утре воспоставуваме и клучката Требеништа, што означува завршување на уште еден дел од автопатот Охрид – Кичево“, изјави Николоски.
Тој истакна дека резултатите се неизбежни кога постои јасна цел, силна координација и волја.
„Паралелно, интензивно работиме и на споредните патишта, кои не беа предвидени во почетните планови, со цел да се обезбеди поврзаност на сите населени места. Континуитетот и одговорноста во реализацијата на овие капитални проекти, кои се од стратешко значење за државата, се нашите главни приоритети“, нагласи вицепремиерот Николоски.




