Утревечер е кобниот ден кога еден од учесниците на X factor, ќе го напушти шоуто, а останатите пет ќе станат филналисти на големото финале кое што е закажано за на 23-ти март.Интересно е тоа што утре кандидатите ќе се најдат пред сериозен и неблагодарен предизвик, да пејат песни од своите ментори.
„Во почетокот се двоумевме која песна да ја одбереме, но по првата проба лесно одлучивме. Приватно ја обожувам песната која ќе ја пеам и ќе се потрудам публиката и мојот ментор Жељко да бидат задоволни! Подготвуваме одличен настап, ќе видите“, вели Даниел.