Утре клучна средба на Заев и Ахмети за конечен договор

Лидерите на СДСМ и ДУИ – Зоран Заев и Али Ахмети, утре ќе остварат клучна средба на која се очекува да биде постигнат конечен договор за нова, стабилна Влада, посветена на четиригодишен мандат, соопштуваат денеска од ДУИ, пренесе „ТВ21“.

Средбата следува откако во разговорите одржани на ниво на партиските секретари – Артан Груби и Љупчо Николовски, како што велат од ДУИ, постигнат е сериозен напредок во скоро сите прашања коишто водат до договор за нова Влада.

Средбата е закажана и со оглед на итноста и потребата да се дејствува брзо на клучните институции во земјава, со цел решавање на здравствените и економските предизвици поврзани со Ковид-19, додаваат од Демократската унија за интеграција.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема
- Реклама -