Утре ќе се случи целосно помрачување на Месечината

Овој феномен се случува кога Сонцето, Земјата и Месечината се на иста линија. Тогаш месечината добива црвенкаст отсјај, бидејќи влегува во Земјината сенка, поради што оваа појава често се нарекува „Крвава месечина“.

Според наводите на вселенската агенција, помрачувањето ќе биде видливо само во западниот дел на САД и Канада, ако не биде облачно времето.

Целиот настан ќе може во живо да се следи на сајтот sloosh.com.

Помрачувањето ќе започне во 11 часот по средноевропско време и ќе трае три часа и 30 минути, наведува НАСА.

НАСА додава и дека следното целосно помрачување на Месечината ќе се случи на 4. април 2015. година.

Помрачувањето на Месечината,  како спектакуларна астрономска појава , во минатото е толкувана како лош знак, што најавува пропаст на некој потфат.

Прочитајте и:  Тимот на Трамп со остри критики за одлуката на Бајден: „Ова е како нова војна, сите претходни калкулации сега се ништовни“
- Реклама -