По петти пат, во хотелот Александар Палас се одржува саем за венчавки, на кој што можете да најдете сè за вашата свадба.
Саемот во оргазнизација на магазинот за венчавки „Во Бело“, започна вчера – 13, и ќе трае до утре, 15 март.
На саемот, најновите колекции на венчаници ги презентираат брендовите како Елена Лука, Мила Кадриу, Билиа Атеље, Пепика Атеље, Форевер, Лебед и др. Совршениот изглед за младоженецот во италијански стил со моделите на Тивес и Сињори.
На саемот учевствуваат голем број фирми кои се занимаваат венчаници, накит, костими, покани, декорации за свадба, фотографи.
Саемот е отворен за посетители во сабота и недела од 9ч до 21ч, па доколку ве очекува венчавка, ви предлагаме да го посетите…