Во Мала станица, утревечер (вторник), во 20 часот ќе се отвори изложбата со наслов „Utopia = Good Place or No Place“ на групата БАУМ: Маурин Бахаус – Холандија, Фелипе Кастелбланко – САД/ Велика Британија, Алесандро Фонте – Италија, Шанет По – Полска/Германија, Јетон Муја – Косово, Нино Ломадзе – Грузија.
Гости од Македонија на групата БАУМ се уметниците Игор Сековски и Ѓорѓе Јовановиќ, кои се претставени со нивни дела.
Изложбата се состои од мултимедијални проекти, меѓу кои видео инсталации, инсталации, site specific објекти, дигитални принтови и перформанси. Куратор на проектот е Ана Франговска. Изложбата ќе биде поставена до 5 ноември.