Во текот на минатата година, голем број на славни личности се бореа да се усвои анти-папарацо законот, кој им забранува на фотографите да ги сликаат децата на познатите личности.
Актерките Хали Бери и Џенифер Гарнер меѓу првите ја покренаа оваа иницијатива, која конечно се исплатеше.
Законот под број 606 е донесен, и вели дека на папарацо фотографите им е забрането да ги сликаат или следат децата на јавните личности без согласност од нивните родители или старатели.
Оваа постапка отсега ќе се казнува со затвор од година дена, казна од 10.000 долари за првиот прекршок, 20.000 за вториот и 30.000 за третиот.
Актерката Хали Бери јавно им се заблагодари на Џенифер Гарнер и на пејачката Адел, кои допатуваа до Сакраменто со цел да сведочат во корист на новиот закон, кој значително ќе им помогне да ги заштитат нивните деца.