Уставниот суд го укина правилникот што забрануваше молење на војниците во Армијата

Според судот, уредувањето на условите под кои може да се оствари правото на слободно вршење верски обреди во рамките на вооружените сили претставува законска материја и во никој случај не може да се регулира со правило

Условите за вршење верски обреди во вооружените сили треба да се регулираат со закон, а не со подзаконски акти, велат од Уставниот суд, кој денеска го укина Параграфот 4 од алинеја 1 од Правилото за сместување и ред во Армијата, донесено од началникот на Генералштабот.

„Судот утврди дека ова правило не е во согласнот со уставните вредности и правата на граѓаните и дека началникот ги пречекорил своите овластувања. Правилото не е во согласност и со членовите 3, 8 и 20 од Законот за правна положба на цркви, верска заедница и религиозна група“,

се вели во соопштението од Уставен.

Оттаму сметаа дека со донесувањето на оваа одредба началникот на Генералштабот на АРМ ги пречекорил своите законски оластувања и се ставил во улога на законодавец, зашто таква содржина не може да биде уредена со подзаконски акт.

Според Уставен, уредувањето на условите под кои може да се оствари правото на слободно вршење на верски обреди во рамки на вооружените сили претставува законска материја и во никој случај не може да се регулира со правило.

- Реклама -