Денеска во Уставниот суд е одлучено дека референдумот на 30-ти септември ќе се одржи.
Претходно, до Уставниот суд беше поднесена иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за референдумот. Седум уставни судии гласаа против оваа иницијатива, а двајца за.
Подносителите од Левица и Светскиот Mакедонски Kонгрес обвинија за притисок врз судиите.
Седницата на која сите 9 уставни судии ги образложија своите излагања траеше околу два часа.
Од седницата незадоволни излегоа подносителите на иницијативата Димитар Апасиев од Левица и Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес.