Медиумите и обожавателите го пратат секој чекот на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам на нивната турнеја во Нов Зеланд.
По едрењето и дегустацијата на вино, интересен момент беше и крикетот.
Омилениот британски кралски пар, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, имаат исполнет распоред во Нов Зеланд.
Иако почна да се шпекулира дека војвотката е повторно бремена, а посетата на винаријата ги отфрли сите шпекулации, бидејќи Кејт уживаше во чаша добро вино.
Кралскиот пар сега по едрењето, каде Кејт два пати го победи својот сопруг, ја проба својата среќа и во крикетот.
Кејт не и пречеле ни високите потпетици, кога заиграла како вистинска дама. Принцот Вилијам сепак замавнал малку повеќе, па една топка за малку не завршила во нејзината глава.
За среќа, немало никакви инциденти, а малиот принц Џорџ останал на сигурно со дадилката.