Успехот и милионите и ги должат на калта

Трчање во калта, нуркање во ледени води, качување по речиси 4 метри високи ѕидови и скокање преку огнени карики. Сето тоа пред големото финале, во кое се нуди спринт низ поле во кое минуваат електрични проводници.

TM2

Звучи откачено? Добредојде во бизнисот на Tough Mudder. Во текот на изминатата година вкупно половина милион луѓе платиле барем по 200 долари, за да се обидат да ги поминат предизвиците.

„Вистината е дека луѓето се враќаат бидејќи е навистина забавно” дели Вил Дин, основач на Tough Mudder.

„На крајот на денот секој учесник се чувствува горд на себе”, додава тој.

Компанијата на Дин организира настани за издржливост, инспирирани од тренинзите на војската. Идејата му доаѓа за време на студентските години во Харвард, но неговите професори не биле импресионирани.

„Професорот ми рече дека ова е ужасна идеја и дека никој нема да ми плати, за да трча во калта”, споделува Дин.

Во последните шест години компанијата сепак успева да се развие толку многу што денес генерира продажба од 100 милиони долари. Од своето основање во 2010 година, повеќе од 2 милиони луѓе учествуваа во настаните. Вкупниот број на вработени денес изнесува 160, а на секоја од настаните организирани од Tough Mudder, земаат учество по околу 10 000 учесници, кои плаќаат помеѓу 75 и 210 долари за билет.

- Реклама -