Условна шесмесечна затвopска казна доби Томислав Лазаров, четвртообвинет во предметот „Шамapите во Центар“ на Специjaлното јавно обвинителство.
Тој денеска беше прогласен за виновен за делото и судијката Татјана Михајловa му одреди условна шестмесечна казна, доколку во рок од две години не стори друго кривично дело.
Лазаров пред Судот уште еднаш изрази каење и вети дека нема да стори друго кривично дело и се откажа од правото на жалба за висината на казната.
Судијката Михајловa на рочиштето што се одржа на 20 ноември ја издвои постапката за Лазаров откако тој се изјасни дека се чувствува виновен и оти од оваа временска дистанца длабоко се кае. Тој рече дека за признанието немал никакви притисоци, ниту од Специјалното јавно обвинителство, ниту од полицијата.
Обвинителката Фатиме Фетаи го оцени како изненадувачко, но позитивно признанието на Лазаров.
– Тоа не само што е од значење за оваа постапка, туку е од значење и за самиот обвинет кој има право на избор на видот и висината на казната. Се работи за високообразован семеен човек, татко на две деца кој досега не е осудуван и против него не се води друга постапка. Станува збор за партиски кадар кој е впрегнат во интересите на највисокото раководство на партијата – истакна Фетаи.
Во предметот „Нacилство во Центар“ обвинети се лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката Даниелa Рангелова и уште 11 други лица.
Судењето за овој случај на СЈО треба да продолжи на 29 ноември.
Извор на веста: Слободен печат