Уште само еден ден до големото финале на кампањата Каква шанса на Рамстор мол

Останува уште само еден ден до големото финале на кампањата Каква Шанса! Рамстор и Патос те носат на финале во Бразил, кога и официјално ќе ги дознаеме двајцата среќни Македонци кои ќе уживаат гледајќи го најголемиот фудбалски спектакл во живо.
Право на учество во оваа голема наградна игра имаа сите полнолетни купувачи во маркетите на Рамстор но и продавниците во Рамстор Мол. Со секоја сметка над 1000 денари , потрошувачите добиваа купон кој беше потребно уредно да го пополнат и да го остават во кутиите наменети за наградната игра.

Во изминатиот период голем број на посетители на Рамстор уживаа и во часови по Зумба но и шутираа во импровизираните голови и за секој гол добиваа вредни награди.
Најсреќниот потрошувач ќе добие два билета за следење во живо на финалето на Светското првенство во фудбал, со вклучен авионски билет и сместување во Бразил, а следуваат и 200 подароци од електрични апарати за домаќинство.
Главното извлекување ќе се одржи на 25.06.2014 со почеток во 12 часот во Рамстор Мол.

10436673_717287971660586_425536415877720735_n

- Реклама -