Уште пред “Ла Верита” да ги објави снимките, Камчев му порача на СЈО дека не е забрането да се збори на мобилен за криминал

Како сведок во постапката Камчев на 5 јули годинава дојде на судењето за „Тортура” и прво беше прашан од обвинителот Лапе како е.

На ова доби одговор: „Одличен, како сте вие?”. По ова обвинителот на СЈО продолжи со други прашања на што доби опомена од Камчев: „Полека Лапе, каде брзаш?”.

Во врска со тоа што знае за настанот со апсењето на Бошкоски и дали зборувал на мобилен со некого за тоа, Камчев рече дека не било забрането да се зборува за криминал.

„Секој ден 100 пати со 100 луѓе зборувам на мобилен и сигурен сум дека сите зборувале за тоа, бидејќи беше многу интересен предмет. Не е забрането да се збори за криминал”, рече Камчев како сведок пред судот.

За волја на вистината, Камчев по завршување на прашањата на СЈО, тргна да си оди од судница, иако ниту судот му дозволи, ниту пак му беше кажано дека сите кои имаат право, завршиле со прашањата кон него.

Но, судијката го врати назад, па откако му укажа дека нема повеќе прашања за него како сведок, го ослободи да си оди.

Во судница го чекаше новинарката Оливера Трајковска која пред него беше сведок во истата постапка. Од Основниот кривичен суд во Скопје излегоа заедно, а пред влезот каде ги чекаа медиумите, се прегрнаа и позираа заедно со насмевка пред камерите.

Истрагата за „Рекет“ сега е во тек. И додека јавноста ја брануваат снимки, обвинителката Вилма Русковска е на одмора, а во притвор за сега се Боки 13 и Зоки Кичеец.

Преземено од МКД.МК

- Реклама -