Уште оставки во ДИК, меѓу кои и Силвана Бонева

Силвана Бонева две години беше член на ДИК, а во јавноста стекна особена популарност кога се обелодени висината на патните трошоци кои ги наплаќала од државниот буџет и како член во ДИК, но и претходно како пратеник.

„Заради зачувување на мојот личен интегритет како човек, ја поднесувам оваа оставка и ви благодарам за досегашната искажана доверба“, тврди Бонева.

Таа тврди дека низ Струмица се лепат некролози со нејзиното име и смета дека на тој начин животот ѝ е загрозен. Додава дека и други земале бонуси, а не само членовите на ДИК.

Јавноста често подбивно за неа велеше дека патува од Струмица до Скопје и назад со авион или вселенски брод, со оглед на висината на наплатениот патен трошок.

Оставки денес поднесоа и членовите Сашо Срцев, Субху Јакупи, Реџеп Прекопуца и Атанас Урумов.

- Реклама -