Уште неколку американски судски бисери

Судски бисериАмериканските судници и натаму остануваат неисцрпна ризница на бисери. Дијалозите понекогаш се толку неверојатни што ќе помислите дека се измислени или пак биле дел од некој ситком. Но, вакви дијалози едноставно не можат да се измислат – истите се земени директно од стенограмите во судниците.

Американските судници и натаму остануваат неисцрпна ризница на бисери. Дијалозите понекогаш се толку неверојатни што ќе помислите дека се измислени или пак биле дел од некој ситком. Но, вакви дијалози едноставно не можат да се измислат – истите се земени директно од стенограмите во судниците.

Судски бисериАДВОКАТ: Дали тоа е истиот нос што го скршивте како дете?
СВЕДОК: Извинете, ама јас имам само еден нос.

АДВОКАТ: Можете ли да ја опишете личноста што ве нападна?
СВЕДОК: Не, носеше маска.
АДВОКАТ: А, што носеше под маската?
СВЕДОК: Лицето?

АДВОКАТ: Можевте ли да го видите од местото каде што стоевте?
СВЕДОК: Можев да му ја видам главата.
АДВОКАТ: А каде му беше главата?
СВЕДОК: Над рамениците.

(обвинет кој се бранел себеси)
ОБВИНЕТИОТ: Дали ме видовте кога ви ја украдов ташната?
СВЕДОК: Да, ве видов јасно. Вие ми ја украдовте ташната.
ОБВИНЕТИОТ: Требаше да ве застрелам кога имав шасна.

СУДИЈА: Обвинението е кражба на замрзнати пилиња. Дали сте вие обвинетиот?
ОБВИНЕТИОТ: Не судијо, јас сум тој што ги украде пилињата.

(при селекција на порота)
АДВОКАТ: Какво мислење имате за адвокати кои бранат криминалци?
ПОРОТНИК: Мислам дека сите треба да бидат удавени уште при раѓање.
АДВОКАТ: Тогаш пристрасни сте кон обвинителите.
ПОРОТНИК: Не, мислам дека и тие треба да бидат удавени уште при раѓање.

АДВОКАТ: Колку беа оддалечени возилата едно од друго кога се удрија?

АДВОКАТ: Значи, ве немаше сѐ додека не се вративте?

АДВОКАТ: Не знаете што било тоа, не знаете како изгледало, но можете ли барем да го опишете?

АДВОКАТ: Дали се запознавте со починатиот?
СВЕДОК: Да.
АДВОКАТ: Пред или по смртта?

Ако ви се допаднаа овие судски бисери, не заборавајте да се потсетите и на првите. Никогаш не може премногу да се смеете, нели?

- Реклама -