Марс изгледа како мртво, пусто и досадно место, но вистината е дека нешто постојано се случува на Црвената планета. Тоа го потврдија и снимките на HiRISE, најмоќната камера досега испратена на друга планета.
Марс изгледа како мртво, пусто и досадно место, но вистината е дека нешто постојано се случува на Црвената планета. Тоа го потврдија и снимките на HiRISE, најмоќната камера досега испратена на друга планета која од орботата ја сними оваа панорама на долината околу 400 километри одалечена од северниот пол.
Постојаните ветрови го обликуваат песокот во дини, а сублимацијата на јаглерод диоксид го вознемирува песокот и создава лавини. Токму таквиот феномен го сними HiRISE, а резулатот е овој необичен пејзаж кој изгледа како зимзелени дрва да се извишуваат од дините.
Пејзажот, всушност, е оптичка измама. Станува збор за песочни дини прекриени со тенок слој од замрзнат јагледрод диоксид, или сув лед, а она што изгледа како дрва се само траги од песок кои се придвижени од силни ветрови.
Во потрага по докази дека водата постоела на Марс, сондата своите сензори ги сврти кон поларните подрачја на планетата за кои се верува дека, како и Земјата, доживеала глобални климатски промени во минатите неколку милиони години.
Фотографиите на површината на Марс се многу важни за истражувачите за разбирање на климатската историја на Црвената планета.