Уште еден сериозен инцидент во Црвеното Море, брод бил погоден со проектил близу Јемен

Британската Агенција за поморски трговски операции (УКМТО) соопшти за нов сериозен инцидент во Црвеното Море.

Како што наведоа, брод е погоден со проектил од воздух недалеку од јужниот пристанишен град Аден во Јемен.

УКМТО, која ги надгледува водите на Блискиот Исток, соопшти дека нападот се случил на околу 110 милји (177 километри) милји југоисточно од Аден.

Не се прецизирани детали, освен дека капетанот на бродот пријавил дека „левата страна на бродот била погодена одозгора со проектил“.

Не се соопштени други детали за инцидентот, ниту е соопштено за кој брод станува збор.

Прочитајте и:  Амал Клуни со важна улога во одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху
- Реклама -