Британската актерка Елизабет Харли и Шејн Варн ја прекинаа нивната љубовна врска.
Актерката Елизабет Харли и нејзиниот вереник, австралискиот актер Шејн Варн по две годишна врска, одлучија да секој продолжи по својот пат.
За нивниот прекин не се криви деловните обврски, или раздвоеноста затоа што и двајцата живеат и работат на спротивни стани на светот, туку нешто сосема друго. Иако веќе имаше гласини за нивната пауза, не успеале да ја спасат нивната врска.
„Тажно е, се обидоа, но едноставно имаа премногу проблеми“, изјавил извор за Hello.
Актерката за Божиќ ќе биде во вилата Herefordshireu со 11-годишниот син Дамјан, додека Шејн ќе биде во Австралија со трите деца од претходниот брак.
Иако никогаш не го одредија датумот за свадба, парот купил вила вредна 6 милиони фунти во која живееле од летото, но сега не е познато дали актерката ќе ја продаде или ќе остане да живее во истата.