Алек Болдвин се пофали на социјалните мрежи дека неговата сопруга Хилари се породи и дека стана татко на момче.
Актерот (57) оваа среќна вест ја објави преку емотивна порана на Инстаграм, со која го откри и името кое го одбрале за нивниот син.
– Со радост го објавуваме раѓањето на Рафаел Томас Болдвин- напишал тој.
Познатиот актер веќе има 22-годишна ќерка Кармен, а Алек со актерката Ким Бесинџер ја има и 19-годишната ќерка Ајерланд.
Алек и Хилари на 30-ти јуни ќе ја прослават третата годишнина од нивниот брак.