Уште бизнисмени во рекетарската мрежа

Расте бројот пријави за Рекет. Не само во обивнителството бизнисмени се пожалиле и во Сојузот на стопански комори, од каде не откриваат ни кои се ни колку се

„Има случаи кои што се пријавени. Ние не сме орган за истражување ниту некој кој треба да ги проследува или работи, меѓутоа сме луѓе кои ги штитат нашите членови. Има повеќе од еден случај кој пријавил, дали за оваа или за друга ситуација и се ќе направиме што е во наша надлежност да ги заштитеме членовите и да се потрудиме да не се повтори, бидејќи тоа е од интерес за сите нас“ – изјави Данела Арсовска

Специјалната обвинителка Катица Јанева од утрово се врати на работа во специјалното обвинителство. Таму планира да остане додека не се донесе нов закон и не се избере нејзин наследник. Тогаш ќе ја активира најавената оставка. Периодов иако е во тек судската ферија и нема судења но од сјо за Телма велат дека си продолжуваат со тековна работа , се повикуваат и сослушуваат сведоци во истрагите. Но не прецизираатза кои истраги. Дали се испрашуваат сведоци за новите 10 истраги кои вчера Јанева ги посочи како причина, поради која како што наведе, некој се обидел со сите сили да го спречи незјиниот реизбор .

Во аферата Рекет Јанева не е осомничена но врз неа надвисна сенка од сомнежи и шпекулации. Законски нема пречка но моралниот аспект е нешто сосема друго велат експерите.

Судијката Маргарита Цаца Николова посочува дека Јанева требала да се појави во јавноста уште првиот ден а не да ја остави институцијата во која многу се веруваше само со соопштение во кое се најавува оставка.

Јанева вчера уверуваше дека е чиста. Не ја злоупотребила функцијата туку била злоупотребена. Слушнала дека не само Боки 13 и други го користат нејзиното име но сега откако аферата пукна во јавноста ги повика институциите да го расчистат случајот за да и го обелат образот.

Елена Муковска ТЕЛМА

- Реклама -