Уште 5 историски неточни филмови

Повеќе... На сите ни е познат и го прифаќаме фактот дека филмовите ја менуваат историјата во интерес на градењето на приказната, но следниве филмови толку ја искривиле вистината што таа станува непрепознатлива.

На сите ни е познат и го прифаќаме фактот дека филмовите ја менуваат
историјата во интерес на градењето на приказната, но следниве филмови
толку ја искривиле вистината што таа станува непрепознатлива.

list_300.jpgxerxes_i_the_great_king_of_persia.jpg300
Иако приказната која им оддава почит на моралните кодекси и модерното физичко тренирање се базира на вистинската Термопилска битка, филмот ја жртвува вистината во име на стилските дотерувања. Најочигледното дотерување е тоа што кралот Ксеркс не бил двометарски член на Cirque du Soleil. Спартанскиот совет бил збир на мажи постари од 60 години, но ниеден не бил толку млад како Терон (кој во филмот го играше 37-годишниот Доминик Вест). А спартанските воини оделе во битка носејќи оклопи од бронза, а не само кожени Спидоси.

list_samurai.jpg
Последниот Самурај

Јапонците во 19 век навистина најмувале туѓинци советници за да ја модернизираат својата војска, но тие биле најмногу Французи, А НЕ АМЕРИКАНЦИ. Карактерот кој го игра Кен Ватанабе е базиран врз вистински лик – Саиго Такамори, а тој извршил ритуално самоубиство, или „сепуку“ заради доживеаниот пораз, наместо во битка. Исто така, не е за верување фактот дека 40-годишен алкохоличар ветеран од Граѓанската војна, дури и да има добра фризура, толку брзо ќе ги совладува јапонските вештини со меч.

list_geisha.jpg
Мемоарите на една гејша

Церемонијата за станување гејша, наречена „мизуаге“, всушност била повеќе промена на стилот, кога девојката добива нова фризура и облека. Тоа не вклучувало и интимни односи со клиент. Во сцената кога филмот доживува кулминација каде Сајури ги импресионира патроните со своите танцувачки вештини, нејзината „точка“ – која вклучува обувки со платформа, лажен снег и стробоскопско светло – повеќе наликува на драг квин шоу во Студио 54 отколку на нешто што би се случувало во пред-военото Кјото.

list_elizabeth.jpg
Елизабета: Златно доба

Во 1585, кога е случува дејствието во филмот, кралицата Елизабета имала 52-години – Кејт Бланшет имаше 36 кога го снимаше филмот – и таа не била опкружена од додворувачи као Иван Грозни (кој во тоа време бил мртов). И иако во филмот е прикажана како ја води војската јавајќи расчекорено на бел коњ во комплeтнa воена облека и со меч, во суштина таа јавала настрана, носејќи само палка. Таа била повеќе кралска мажоретка отколку, како што филмот ја прикажува, Јованка Орлеанка.

list_2001.jpg
2001: Вселенска одисеја

Според овој филм, во 2001 ќе патуваме на Јупитер, ќе се надмудруваме со компјутери со развиена свест и ќе се случи квантен скок во човечката еволуција. Наместо тоа во 2001 имаме: вселенска станица Mir која паѓа од небото, Windows XP и Господарот на прстените. Очигледно, лекцијата во случајов е дека понекогаш е подобро кога филмовите ќе ги прикажат фактите погрешно.

 

- Реклама -