Уругвајскиот ветеран Луис Суарез две години во Гремио: Ова е прекрасен предизвик!

Уругвајската легенда Луис Суарез, еден од двајцата најголеми фудбалери на поранешниот двоен светски првак како што се очекуваше потпиша за бразилски Гремио, па ќе го носи дресот на овој гигант во следните две години.

Суарез доаѓа во Гремио после само шест месеци откако се врати во својот матичен Национал од Монтевидео, па сега го чека нов предизвик за кој и самиот вели дека едвај го чека и му предизвикува многу голема возбуда.

„Подготвен сум за еден прекрасен предизвик во Гремио и многу среќен што ќе сум дел од овој клуб. Сакам да се заблагодарам на сите за љубовта што ми ја испративте, се гледаме наскоро на теренот“, рече Суарез.

- Реклама -