Вечерва е клучна за ракометните репрезентации на Австрија, Чешка и Македонија, а тоа е така затоа што за сите три репрезентации во групата Б сѐ уште е достижна следната фаза од ЕП 2020.
Од сите ракометари, ЕХФ, од разбирливи причини, го седна двократниот клупски шампион Столе Стоилов да каже што мисли за вечерашниот дуел, за европското и за шансите Македонија да остане на ЕП и по денешнава битка.
Накратко, Стоилов порача дека нема да биде лесно и дека нашите ракометари ја имаат cилата и умот потребни да ги освојат потребните бодови со најмалку два гола разлика. Тој коментираше и дека не е изненадување што во последниве години големи репрезентации (како Франција) испаѓаат уште во првата фаза. Рече дека се надева дека на европсково ќе има уште такви изненадувања. Секако, сите знаеме на што мисли.
Дуелот почнува во секој момент, а со тоа и разврската во групата Б, каде навистина е каша-попара. Дури и тимот на ЕХФ, со помош на Стоилов, се пошегуваа околу математиките во групата Б. Еве како изгледа кога Стоилов се обидува да пресмета: