Блогот „Причини поради кои мојот син плаче“ кој го започна минатиот април Грег Пемброк на друштвената мрежа „Tumblr“ за помалку од седум дена се стекна со неверојатна популарност. Првобитната идеја да поставува фотографии од своите два расплакани сина од апсурдни причини, порасна до таа мера што разни родители ширум светот започнаа да објавуваат слични фотографии од нивните малечки.