На првиот неделен дуел од Купот на афричките нации, Гана и Конго одиграа без победник, 2-2, но од натпреварот еден детал брзо се прошири низ интернет светот.
Гана водеше со 2-0, а откако Конго успеа да израмни, екстравагантниот голман Роберт Кидиаба Мутебе го прослави израмнувањето на единствен начин со што го изнасмеа присутните навивачи. Лудата прослава секако беше неизбежна, ако се знае дека е извлечен неочекуван бод против еден од главните кандидати за освојувањето на Купот на афричките нации.