Уредувањето на домот е од суштинско значење за прилив на позитивната енергија – чи и за просперитетот на секој од жителите, според фенг шуи.Како да изберете идеален распоред во домот и што советуваат фенг шуи експертите по ова прашање?
Клучни животни во домот
Совршениот распоред зависи од многу фактори, но меѓу најважните е да се постават предметни скулптури од животни – змеј, тигар, желка и феникс .За да се радувате на успеси и благосостојба, мора да се потрудите да го вклучите секое од нив во реонот околу домот. Во спротивно настанува дисбаланс, кој ја убива благопријатната енергија.
Змејот е симбол на изобилство и благосостојба. Се изразува симболично со високи згради или дрвја околу куќата. Ќе го стимулирате, ако од спротивната страна посадите грмушки или ставите ограда.
Тигарот не му одговара на змејот , затоа треба да внимавате да има рамнотежа меѓу двете инаку темпераментни сили. Практично гледано, високите згради од левата значат ниски грмушки од десната страна.
Желката го “чува грбот” на домот и обезбедува заштита. Симболично може да се постави на ограда.
Последното од божествените животни во фенг шуито е фениксот. За да ги рашири крилјата и да им донесе среќа на сопствениците на домот, за него треба да издвоите поголем простор. Слободниот простор помага за смирување лошата енергија и флуидноста на влезот во домот.
Прочитај повеќе: Фенг шуи за привлекување на пари во домот
Совршено уредување на домот според фенг шуи
Совршеното уредување на домот според фенг шуи е практично непрактично, бидејќи градскиот живот не нуди соодветни услови. Затоа многу пати предметниот перфекционизам се постигнува со помош на дополнителни украси и корекции. Сепак, ако можевме да го претвориме сонот во реалност, еве што треба да бараме:
Дом, од чија што лева страна (од позиција спроти влезната врата) се издига повисока зграда или дрво, а од десно има градина, грмушки или ниски дрвја. Пожелно е домот да е изграден на рид, па пред влезот земјата да се спушта непречено . Изборот на брановиден терен подразбира исто рамнотежа помеѓу сонцето и сенката, што е добро и за одгледување на растенија. Не е добро, ако сите згради околу домот се ниски или пак високи.
Совршено уредување на домот според фенг шуи вклучува исто улица со умерен сообраќај . Идејата е парите и успесите да доаѓаат кај сопствениците и да се собираат, а не да бегаат по патишта. Околу вратата на домот не треба да има рабови, раскрсница и болни дрвја, инаку во него ќе влезе негативна енергија.
Препорачливо е домот да е со правилен облик. Во фенг шуи симетријата значи баланс, а тој од своја страна – благосостојба. Правилните линии носат истовремено стабилност и раст. Во случај имотот да располага со некакви несакани столбови, околу нив треба да бидат нанесени корекции.
Пожелно е исто така домот да не се наоѓа во непосредна близина на болници, гробишта, затвори, пусти паркови, бидејќи атмосферата ќе дејствува обесхрабрувачки на сопствениците. Фабриките исто така влегуваат во „црната листа”, бидејќи тие создаваат чувство на загриженост.
Прочитај повеќе: Работи од кои според фенг шуи мора да се ослободите
Корисни совети според фенг шуи:
- Во случај домот ви е лоциран во некој агол кој не соодвестува, избалансирајте со тоа што дијагонално ќе поставите статуа или ќе засадите дрво.
- Ако имотот ви се наоѓа на крајот на ќорсокак , тоа значи дека околу него ќе се акумулира позитивна енергија, но мора да внимавате таа да не застојува или да не се конвертира во негативна.
- За да го направите хармоничен протокот на чи кон домот лоциран на прометна улица, искористете на помош не многу висока ограда или декорирајте со жива ограда.
- Ако домот е под нивото на земјата (како што е приземје или пак згради во крајот на ридот), направете праг пред влезната врата, кој симболично ќе става бариера против негативната енергија.
- Во случај во задниот дел на куќата да сте опкружени со блокови, ќе ја вратите силата на желката, ако закачите кристал на прозорецот со поглед кон високите згради.
- За да не им дозволите ниту на змејот, ниту на тигарот да доминираат , искористете ја на помош градината. Одржувањето на дрвјата и грмушките ќе ви бидат корисни за совршено фенг шуи располагање на домот.