Оставаат на надлежните органи да судат, се оградуваат од случувањата околу „Рекет“ и работеле професионално и без никаква вмешаност во нелегални активности, велат уредниците и новинари од 1ТВ – Ацо Кабранов, Борјан Јовановски и Јадранка Костова, во разговор со „А1он“, откако неформалниот сопственик на телевизијата – Бојан Јовановски алијас Боки 13, заврши во притвор.
Двајца од нив со сигурност ја напуштаат телевизијата, но, велат, не поради случувањата со Боки 13.
Костова, конкретно, тврди дека авторскиот договор ѝ завршил на 1 јули и дека неодамнешното интервју токму со Бојан Јовановски ѝ бил последниот ангажман во 1ТВ.
Кабранов – главен уредник во телевизијата, вели дека биле ангажирани хонорарно и дека следниот месец нема да го потпише хонорарниот договор, но од здравствени причини. Додава и дека нема намера да ургира кај обвинителката Вилма Русковска, без оглед што таа му е братучетка.
И на Борјан Јовановски ангажманот му завршил пред половина месец. Сè уште не знае дали ќе го обнови договорот од септември, како што било договорено. Не жали ни што ги земал парите од 1ТВ. „Сум завршил работа, ме исплатиле“.
Сашо Ордановски не одговорил на повиците. Повеќе детали и целосните изјави прочитајте ги ТУКА.