Урбанизирани полжави – подвижни уметници

snail22.jpg „Урбанизиран градски полжав – уметнички проект кој се движи навистина бавно“ е генијалната замисла на еден лондонски уметник, едноставно познат како Slinkachu. Тој се грижи за стајлингот на неколку полжави кои благодарение на неговиот талент наликуваат на подвижни уметнички дела.

„Урбанизиран градски полжав – уметнички проект кој се движи навистина бавно“ е генијалната замисла на еден лондонски уметник, едноставно познат како Slinkachu. Тој се грижи за стајлингот на неколку полжави кои благодарение на неговиот талент наликуваат на подвижни уметнички дела.

snail2.jpg
snail1.jpg

Разубавувањето на полжавите е изведено со помош на малку боја и неколку минијатурни фигури. Slinkachu нагласува дека користи исклучиво бои кои не се токсични, односно ниеден полжав не бил повреден, само нивните куќички биле фигуративно кажано, вандализирани. Мотивите се различни, а варираат од погрешно паркирање до едноставно етикетирање со логото на лондонската подземна железница Tube.

snail3.jpg
snail4.jpg
Повеќе фотографии погледнете на неговиот блог.

- Реклама -