Интересни, едноставни и функционални форми, воздржан декор, топли бои и нијанси – тоа е типично за скандинавскиот внатрешен дизајн.
Еден од задолжителните елементи кај овој ентериер е белата боја на ѕидовите и таваните, многу често и на подот. Ѕидовите не треба да се издвојуваат, туку да служат како позадина на целата декорација.
Друг важен елемент кај скандинавскиот стил е осветлувањето – колку е посветло, толку подобро. Најпосакувани се големите кружни лустери со бројни лампи. Без разлика каква е големината на живеалиштето, обично располага со големи прозорци за повеќе природна светлина.
Обоените акценти – повторно се задолжителен елемент кај скандинавските ентериери. Откако речиси насекаде “владее” белото, токму најпаметните акценти увезуваат боја и расположение во домот. Многу често се среќава светол монохроматски тросед или пак повеќе шарени декоративни перници. Популарен акцент е и ѕидот кој дава шмек на дневната соба.
Следните 30 слики ја собрале убавината на скандинавските ентериери.