Ураганиот Берил остави без струја над 1,5 милиони луѓе во Тексас

Повеќе од 1,5 милиони луѓе во Тексас моментално се без електрична енергија по налетот на ураганот Берил од правец на Мексико и Карибите кон таа американска држава, објави веб-страницата PowerOutage.

Како што е наведено, 1.537.649 жители на Тексас од утрината останале без струја, пренесува Си-Ен-Ен.

Ураганските ветрови од речиси 120 километри на час го погодија брегот на Тексас, додека најсилните се забележани во градот Фрипорт (151 километар на час).

Метеоролошка станица во Хјустон на надморска височина од речиси 69 метри утрината регистрира налет на ветер од 81 километар на час. Националната метеоролошка служба ги повика жителите на повеќекатните згради „да не излегуваат на балконите и да се држат подалеку од прозорците“.

Прочитајте и:  Захарова: Новата американска база во Полска одамна е на листата на приоритетни цели за уништување
- Реклама -