УПС! Сега цел свет знае какви гаќи носи Аманда Холден

Една од членовите на жирито на британското шоу „Јас имам талент“, покажа малку повеќе од што планираше.

Или, можеби, сакала на целиот свет да открие што носи под фустанот на преклоп.

Ќе остане мистерија дали Аманда од небрежност го покажала своето меѓунижје или пак било намерно.

Знаеме дека ова не е прв пат актерката да ѝ „блеснат“ гаќите на јавно место. Нешто слично се случило и пред неколку месеци на една гала вечера во Лондон.

Таа елегантно се симнува по скалите во бел фустан на преклоп, кога се открила долната облека. Дувнал ветер, се раширил фустанот, се покажале… Па, се покажа повеќе од саканото…

И покрај тоа што „зачекорила во петтата деценија“, Аманда има со што да се пофали. Поточно, актерката неодамна наполнила 43 години.

- Реклама -