Управување со емоционалните состојби

Способноста да управуваме со емоционалните состојби е една од најважните вештини кои го потпомагаат постигнувањето на живот исполнет со задоволства. Но, како можеме да научиме да ги контролираме?

emotional-images-wallpaper

Според Тони Робинс одговорот на ова прашање почива врз три главни фактори. Тие формираат т.н. “Тријада”, од која произлегуваат и се одржуваат различни емоционални состојби.

Емоционалните состојби не се должат на надворешен фактор, туку се свесно или несвесно создадени од ракувањето со “Тријадата”.

Еве повеќе информации за неа и за тоа како да почнеме да ја користиме во наша полза.

728px-Gain-Control-of-Your-Emotions-Step-1-Version-2

1. Физиологија

Движењето создава емоции. Што и да чувствуваме во моментов е директно поврзано со тоа како го користиме своето тело. Ако ги свиеме рамениците и ја наведнеме главата, ќе преминеме во состојба на тага. Наместо тоа, следниот пат кога се соочуваме со негативна состојба можеме да направиме неколку длабоки вдишувања и да ја подигнеме малку брадата.

Одеднаш ќе откриеме како состојбата се менува. Подоцна наместо да тагуваме можеме да размислиме на опцијата да донесеме поволно решение и последователно да уживаме во чувството на сигурност, доверба и спокојство.

emotional-wallpapers-of-girls

2. Јазик

Јазикот кој го користиме, има најразлични форми. Во случајот е важен внатрешниот дијалог.  Ако се запрашаме “Зошто секогаш на мене ми се случуваат такви работи?”, тоа ќе предизвика многу поразличен сет на емоции отколку ако се запрашаме “Како можам да го искористам ова?”, “Што можам да научам од оваа ситуација? “,” Какви активности можам да преземам? ” или “Што е забавно во случувањата?”

Јазичните модели кои што ги користиме играат значајна улога во градењето на смислата и значењето што го има за нас конкретната ситуација, а оттаму и за емоциите, кои ги предизвикува во нас.

Кога ќе почувствуваме дека негативните емоции нè освојуваат, можеме да погледнеме како јазикот ја заобиколува ситуацијата.

music-emotion-wallpaper

3. Фокус

Каде е насочен фокусот, односно каде плови нашата енергија. Ако се фокусираме на можности и алтернативи,  ќе почнеме да ги пронаоѓаме во нашето секојдневие.

Со други зборови, животот ни е контролиран од она на кое што се фокусираме. Затоа треба да се фокусираме на работите кои ги сакаме и кои ни даваат сила, наспроти изворите на страв.

Кога следниот пат ќе бидеме во состојба на несигурност и загриженоста ќе започне да се зголемува, можеме да го смениме фокусот.

emotion-wide-hd-wallpaper

Разбирањето и користењето на “Тријадата” е првиот чекор кон совладување на емоциите и постигнување на емоционална слобода. Владејачките емоции, можеме да ги избираме самите, затоа што тие се основата врз која потоа можеме да го покажеме својот потенцијал и да му се радуваме на животот.

emotion-love-high-resolution-wallpaper

- Реклама -