Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ е на пат да се раздели со тимот на Милано, информација што се појави од новинарот Андреа Калцони. Се вели дека Милано планира за следната сезона да го доведе играчот на Тренто, Квин Елис. Минатото лето, бројни екипи од Евролигата ја изразија својата заинтересираност за најдобриот играч на руското првенство. Димитријевиќ избра да ја напушти УНИКС Казан и да се пресели во Милано. Македонскиот кошаркар не блеска оваа сезона во Евролигата, со просек од 7,9 поени, додека во домашното првенство има одиграно 13 натпревари со просек од 8,5 поени. Откако се појави вестта дека Нено ќе замине од Милано, поранешниот клуб УНИКС веднаш изразил интерес. Рускиот клуб е свесен дека Димитријевиќ е во преговори за раскин на договорот и наводно би го ангажирале повторно без одлагање. Димитријевиќ го носеше дресот на УНИКС од 2022 до 2024 година.