Уникатните убавини на Сарти

Прекрасното градче Сарти се наоѓа на источната страна на полуостровот Ситонија (вториот крак на Халкидики), со поглед на светиот полуостров Атос. Местото е опкружено со бујна вегетација и раскошен поглед на сите страни, што го прави идеално за одмор и релаксација.

sarti-halkidiki-greece

Градчето Сарти е подигнато на местото каде што се наоѓал античкиот град со истото име, град кој бил исклучително важен во геополитичката стратегија на древната Грција. Местото било посетено и од персискиот крал Ксеркс за време на неговите епски походи. Денес, остатоците од античката населба можат да се најдат во опкружувањето на Сарти.

3imagev7

Околу Сарти се наоѓаат и дел од најраскошните плажи во цела Грција, меѓу кои најпознати се: Златната плажа Сарти, Транос, Аи Николас, Платаници, Аклада, како и уникатната плажа Кавуротрипес.

46478_9

Сарти веќе со години е едно од најпопуларните туристички локации во Грција, главно поради необично складната комбинација на морето и планините, кои се соединуваат токму во ова магично место. Градчето изобилува со бројни кафулиња, ресторани и таверни, кои ќе ги задоволат и најпребирливите вкусови.

5887155_orig

 

Можете да се опуштите во некое од тивките кафулиња со убаво кафе или сладолед, но можете да уживате и во интензивниот ноќен живот, во одличните ноќни клубови.

dsc07558

Посетата на Сарти не смее да помине без посета на манастирот Ксиропотамос, кој се наоѓа непосредно до градчето, а од оваа локација секојдневно се организираат и бродски екскурзии кон планината Атос – искуство што едноставно не смее да се пропушти.

Текстот е оббјавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -