Уникатната хорор комедија ,,Сценарио од соништата” со Николас Кејџ во главната селекција на МАНАКИ 45

Се будите едно утро и дознавате дека луѓето што ги знаете, па и тие што не ги познавате, ве сонувале претходната ноќ и ви се обраќаат за вашето однесување во сонетите пространства. Токму тоа му се случува на ликот кој го глуми експлозивниот Николас Кејџ во уникатната хорор комедија Сценарио од соништата, дел од главната селекција на МАНАКИ 45, со номинација за Златен глобус. Непоканетиот гостин во сонот за некого ќе биде мажот на соништата, а за некого најголема ноќна мора. Затоа, внимавајте кој се буди во вашиот сон.

https://www.youtube.com/watch?v=q3x9iUL-74w

- Реклама -