Многу луѓе кои живеат со партнер кој ‘рчи се подготвени да пробаат сè само за да стават крај на мачењето – носни штипки, инхалатори, па дури и пижами со тениски топчиња вшиени во грбот. Нормално, јапонците не се задоволни од овие нетехнолошки решенија за проблемот. Истражувачка група од Васеда Универзитетот создале роботска мечка која ги врти главите на луѓето за да ги отвори нивните дишни патишта.
Мечката се користи како перница, но има вграден микрофон. Во моментот кога мечката, Џукусуи-кун, ќе забележи гласно ‘рчење, нејзината шепа нежно ја врти главата на спијачот. Движењето би можела да ги помести оние кои страдаат од апнија во спиење – гласната форма на ‘рчење која може да биде опасна не само за врските туку и по здравјето – во положба во која нема да ‘рчат.
{youtube}Kpbo0000O08{/youtube}
Мечката била претставена на Меѓународниот Саем за Роботика во Јапонија. Џукусуи-кун значи „длабок сон“ – и роботот е наменет специфично за луѓе чие ‘рчење им создава проблеми со нивото на кислород во крвта при што посоебен сензор на раката кој детектира кога нивото на кислород во крвта е опаднато. Единствениот проблем е не само што ќе мораат да спијат на перница со форма на мечка со подвижни раце и да ја поставуваат нивната дланка во сензор со форма на мечка кој го набљудува кислородот во крвта.
Сензорите се вградени и во чаршавот – бидејќи електрични кабли би биле проблематични за спиење. Мечката чека додека ниското ниво на кислород во крвта и гласното ‘рчење да покаже дека лицето кое спие на Џукуџуи-кун ‘рчи гласно и во тој момент шепата напаѓа. Мечката сè уште не е пуштена во продажб, и сè уште не е јасно дали овој систем е поефикасен отколку ако партнерот го превртува лицето кога ќе почне да ‘рчи. [Japan finds its own unique cure for snoring: A robotic bear that turns you over as you sleep]