Унгарскиот парламент ја ратификуваше кандидатурата на Шведска за НАТО

Унгарскиот парламент попладнево ја ратификуваше кандидатурата на Шведска за НАТО, отстранувајќи ја последната пречка за проширување на воената алијанса поттикната од руската инвазија на Украина. Парламентот ја одобри кандидатурата со 188 гласа за и шест гласа против членството на нордиската држава.

Унгарија беше единствената од 31 земја-членка на НАТО која сè уште не го ратификуваше досега приемот на Шведска. Сите членки на Алијансата мора да се потпишат на барањата пред да биде примена нова земја.

Будимпешта наведе различни причини за доцнењето. Неодамна, десничарската популистичка влада на премиерот Виктор Орбан рече дека се чувствува „навредена“ од критиките од Шведска за состојбата на владеењето на правото во Унгарија.

Прочитајте и:  Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО

Шведска поднесе барање за членство во НАТО заедно со Финска во мај 2022 година во услови на руската војна против Украина.

Финска стана 31-ва членка на Алијансата на почетокот на април лани.

- Реклама -